Сопственикот на Нотингем Форест и Олимпијакос, грчкиот милијардер Евангелос Маринакис има идеја да купи уште еден европски клуб.
Станува збор за екипата на Монца која се натпреварува во елитниот ранг на фудбалот во Италија. Клубот во моментов е во сопственост на компанијата „Финивест“ која беше во сопственост на Силвио Берлускони, а сега е на неговото семејство. Поранешниот италијански премиер и екс-газда на Милан во 2018 година заедно со својот стар соработник Адриано Галиани кој е и натаму директор ја презедоа Монца.
Успеаја да ја вратат екипата од предградието на Милано до елитата, за помалку од четири години водејќи ја Монца од Серија Ц до Серија А.
Сепак, сега се споменува дека Маринакис е подготвен да го преземе раководството од „Финивест“, но не се споменува сумата за која би ги купил акциите. Гркот има идеја да направи мулти-клупска мрежа слична на „Сити Групација“ која под себе има многу европски и светски клубови.