190
Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд одигра одличен натпревар во дресот на Марсеј кој денеска со 5:1 го совлада Брест.
Гринвуд по само три минути игра успеа да ја погоди противничката мрежа, а до крајот на првиот дел и уште еднаш се запиша во листата на стрелци. Луис Енрике исто така постигна два гола, додека за „петарда“ се погрижи Вахи.
Единствениот гол за Брест го постигна Камара пред крајот на првото полувреме.