152
Екипата на Гостивар им се придружи на Македонија Ѓорче Петров и Воска Спорт во осминафиналето од Купот на Македонија.
Натпреварот помеѓу Победа и Гостивар започна нешто подоцна, па така заврши подоцна. Гостиварци влегоа како фаворити и таа улога ја оправдаа на теренот.
Преку Ивановски стигнаа до предност уште по 10 минути игра, а веќе во 36. минута беше 2:0 со погодокот на Машики. Во вториот дел Ајдини зголеми на 3:0.
Утешниот гол за Победа го постигна Ѓурчиновски по промашениот пенал на Јошески.