Горецка од Баерн Минхен се сели во Серија А!

by riste
1 минути читање

29-годишниот Леон Горецка од Баерн Минхен би можел да се пресели во Наполи, тој претходно се поврзуваше и со Јувентус.

Горецка немаше блескава сезона во Баерн Минхен по која го загуби и местото во репрезентацијата на Германија. Сега е подготвен за нов почеток.

Според „Билд“, тој го информирал Антонио Конте дека сака да се пресели во Наполи.

Проблем за реализација на трансферот може да претставува големата плата која ја заработува во Баерн Минхен, девет милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани