Швајцарскиот репрезентативен голман Јан Зомер реши дека е време за пензија од националниот тим.
35-годишникот кој има 94 настапи за Швајцарија по 12 години репрезентативна кариера реши дека е време за да се повлече. Зомер преку страницата на Швајцарскиот фудбалски сојуз го соопшти повлекувањето.
„По добро и долго размислување, решив да ја завршам кариерата како голман на репрезентацијата на Швајцарија. Огромна чест и привилегија беше да ја претставувам својата земја на врвно ниво во претходните 12 години, низ 94 натпревари. Времето минато во националниот тим ми значеше. Со гордост гледам на многуте незаборавни моменти, возбудливи натпревари, заеднички прослави на победите“, изјави Зомер.
Јан Зомер е голман со најмногу настапи во историјата на Швајцарија, а е осми на листата на сите фудбалери.