Поранешниот француски шампион Бордо го загуби статусот на професионален клуб кој го имаше од 1937 година поради финансиските проблеми.
Бордо се најде во тешка ситуација поради што мораше и да го затвори тренинг кампот во кој престојуваа 70 деца.
Клубот и раководството не успеаа да пронајдат начин да го вратат долгот од 40 милиони евра, а 25 од таа сума беа побарувања на поранешни тренери, играчи и членови на стручниот штаб.
Губењето на професионалниот статус значи дека фудбалерите слободно ќе можат да пронајдат нови ангажмани без Бордо да добие оштета.
Бордо каде што некогаш играше и славниот Зинедин Зидан и уште многу големи фудбалски имиња нема да игра ниту во Националната трета лега каде што се селат клубовите кои ќе го загубат професионалниот статус.