Финансиската состојба во Барселона и понатаму не е добра и каталонскиот гигант во последните преодни рокови констатно се мачи со регистрацијата на фудбалерите.
Шпанските медиуми сега пренесуваат дека Барселона не можела да пријави девет фудбалери за новата сезона. На најразлични начини во Барселона претходните години се обидуваа да добијат дополнителни средства, меѓутоа состојбата се уште не е на потребното ниво за нормално функционирање.
Информациите се дека Барселона мора да најде околу 130 милиони евра до крајот на месецот или во спротивно ќе се соочи проблеми кога во прашање се новите фудбалери. Посебно е проблематично што Барселона не може да регистрира девет фудбалери кои веќе се во тимот.
Роберто и Алонсо по 30-ти јуни ќе бидат слободни агенти, завршуваат позајмиците на Кансело и Филекс, а од тој ден играчи на Барселона нема да бидат и Мартинез и Роке бидејќи биле пријавени само на една сезона.
Договори чекаат Балте, Јамал, Кубарси и Форт, освен тоа Барселона води битка за Гави со Ла Лига и прашање е каков крај ќе има сето тоа.
Тука се и фудбалерите како Фати, Гарсија, Ленгле и Дест кои се враќаат од позајмици и автоматски се регистрираат за следната сезона.
Најголемите надежи дека Барселона ќе успее да ги собере потребните средства до крајот на месецот се во договорот со „Најк“.