247
Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим вели дека и следната сезона ќе биде тренер на португалскиот клуб.
Спортинг вчера ја завери шампионската титула во Португалија, но нивниот тренер, Аморим долго време се поврзува со трансфер во Премиерлигата.
Неговото име се споменуваше како иден тренер на Ливерпул, Вест Хем, Челси… но се чини дека ништо нема да има од тоа.
„Останувам во Спортинг. Имам договор и ова е посебен момент за мене, за клубот. Ќе се обидеме да освоиме трета титула заедно. Ајде да се обидеме да го направиме тоа“, рече Аморим.