Aнсу Фати ќе биде на припремите на Барселона и тоа ќе му биде последна шанса да се избори за шанса кај тренерот Ханси Флик.
Во случај Флик да пресуди дека Фати не е потребен клубот ќе се обиде да не го продаде, туку да го испрати на нова позајмица како што беше случај во Брајтон. Се споменуваа некои шпански клубови, но постои интерес и од Турција. „Марка“ пренесува дека Жозе Мурињо се распрашувал за можноста да го доведе во Фенербахче.
Фати кој има 21 година игра на позицијата лево крило, но може да помогне и во нападот. Кога се појави на големата сцена брзо го доби прекарот „новиот Меси“. Пред три години „Трансфермаркт“ го проценуваше и на 80 милиони евра, но денес вреди 25 милиони евра.
Минатата сезона одигра 19 лигашки натпревари за премиерлигашот Брајтон, но со просек од само 27 минути и во нив успеа да постигне два гола. Под договор со Барселона е до летото 2027 година.