Хајдук доживеа елиминација во третото квалификациско коло од Конференциската лига, од словачкиот Ружомберок и ја заврши својата европска сезона, а навивачите на сплитскиот клуб го доживеаја поразот како еден од најсрамните во поновата историја.
Вредноста на тимот на Хајдук изнесува над 50 милиони евра, а на Ружомберок помалку од 7 милиони, Словаците минатата сезона го освоија дури петтото место во домашното првенство, а во натпреварувањата на УЕФА се пласираа поради тоа што го освоија националниот Куп.
Поради ова, навивачите буквално полудеа и по завршувањето на мечот дојде до инцидент. Дел од присутните на централната трибина тргнаа кон свечената ложа да се пресметаат со претседателот на Управниот одбор, Иван Билиќ. Кон него полетаа неколку чаши кои, според извештаите од Хрватска, не го погодиле, но мораше да интервенира специјалната полиција.