189
Натпреварот меѓу Србија и Англија имаше неубава увертира, бидејќи по улиците на Гелзенкирхен се судрија двете навивачки групи.
Хулиганите предизвикаа сериозни проблеми, демолираа неколку кафулиња и го нарушија јавниот ред и мир со својата тепачка. На крајот реагираше и полицијата, а според информациите од Гелзенкирхен има и уапсени. Англичаните „се извлекоа“, додека седум навивачи на Србија завршија во притвор. Против нив германскиот Суд ќе отвори соодветни кривични пријави.
Инцидентите го обиколија фудбалскиот свет и предизвикаа бројни реакции.
Инаку, самиот натпревар во „АуфШалке Арената“ го реши Белингем со единствениот гол со кој Англија минимално победи (0-1).