113
Поради ужасниот старт на сезоната Манчестер Јунајтед се наоѓа во тежок момент и клупата на Ерик Тен Хаг се тресе.
Како прва алтернатива се споменува Томас Тухел. Германскиот стратег е без работа откако замина од Баерн Минхен, па е во потрага по нов предизвик.
Доколку седне на клупата, веќе англиските медиуми ги открија првите желби на Тухел во Манчестер. Се работи за играчи на Баерн со кои соработуваше за време на престојот во Минхен.
Лерој Сане и Леон Горецка се големи желби на Тихел за потенцијални засилувања на Манчестер Јунајтед ако тој ја преземе клупата. Двајцата фудбалери не се во прв план во тимот на Винсен Компани, па заминување е добра опција за нив.