Maрсело Биелса има висока репутација во фудбалскиот свет и за него често пати пофално зборува Пеп Гвардиола, но сега Луис Суарез жестоко го критикуваше актуелниот селектор на Уругвај.
Суарез пред неполн месец одлучи да се повлече од репрезентацијата, а за неговата ваква одлука токму Биелса е еден од главните виновници.
Најмногу Суарез му замерува на Биелса за односот кој го имал со соиграчите.
„Во многу ситуации бев погоден, меѓутоа молчев за доброто на тимот. Неколку пати имавме состаноци со фудбалерите на кои баравме барем да не поздравува, но тој продолжуваше да не го прави тоа. Слушаме како кажува убави работи на прес-конференциите, меѓутоа во реалноста е поинаку. Кога бевме во Њујорк бараше да не ги поздравуваме навивачите. На таквото барање се спротиставив и му кажав дека нема да го послушаме“, изјави Суарез.
Со Биелса имал разговор и пред да се повлече.
„Тој наш разговор траеше околу пет минути, а тој ми кажа само „ти балогдарам“. Зборував во име на играчите, но не сакаше да слуша. Барам луѓето да не ги критикуваат фудбалерите ако работите не се како што треба, Биелса ја подели репрезентацијата“, истакна Суарез.