Хулијан Алварез и Кевин де Брујне ова лето се поврзуваат со заминување од Манчестер Сити, но засега и двајцата се тука.
Алварез и јавно проговори за тоа. Тој рече дека одиграл многу минути минатата сезона, бил еден од фудбалерите на Сити кои најмногу биле на теренот, но е незадоволен што бил изоставан од важните натпревари. Кога ќе дојдат клучните дуели тој е на клупа, па влегува во игра во текот на мечот. Напаѓачот рече дека ќе размисли за иднината, дали да замине или да остане.
„Прочитав дека тој ќе размисли. Во ред, размисли… потоа ќе не информирал нас за тоа што сака да прави. Алварез играше многу. Сака повеќе? Во ред. Па затоа ќе размислел и ќе ни кажел“, вели Пеп.
Тренерот на Сити проговори и за Де Брујне за кого имаше интерес од Саудиска Арабија.
„Не сум зборувал со него. Но клубот ме информираше дека немаме никаква понуда. Не знам дали тоа ќе се случи, но се надевам дека ќе остане. Зависи од Кевин, но засега ми рекоа дека ќе остане“.