Гарначо си направи проблем, „лајкна“ пост каде што Роналдо го критикува Тен Хаг! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Познато е дека младиот аргентински фудбалер, Алехандро Гарначо е голем фан на Кристијано Роналдо, но неговата последна активност на социјалните мрежи поврзана со Португалецот, нема да му се допадне на чуствителниот Ерик тен Хаг.

Фабрицио Романо објави цитат од изјава на Роналдо во која Португалецот го критикува Тен Хаг.

„Тренер на Манчестер јунајтед не може да каже дека не се натпреварува да ја освои Премиерлигата и Лигата на шампионите секоја година. Ова е Манчестер јунајтед! Треба да бидете таму, менталитетот треба да биде тој, да рече… слушајте можеби немаме потенцијал, но не можам да го кажам тоа. Ќе се обидеме. Треба да се обиде. Затоа му требаат промени на Манчестер јунајтед“, вели меѓудругото Роналдо за Тен Хаг.

На овие критики лајкуваше Алехандро Гарначо, а тоа е некој вид на искажување на став кој нема да му се допадне на Тен Хаг.

Поради активности на социјалните мрежи Тен Хаг веќе водеше една битка, со Санчо, ќе видиме дали ќе се промени неговиот однос кон Гарначо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани