Галатасарај не запира: Сака уште едно големо засилување

by Стефан
1 минути читање

Неодамна екипата на Галатасарај го доведе Виктор Осимен, а сега се поврзува со уште едно големо име.

Според последните информации од Островот, Жоржињо сака да го напушти Арсенал поради статусот кој го има во тимот. Од почетокот на сезоната Жоржињо нема ниту еден настап за Арсенал и сака клуб каде што ќе има важна улога.

Преодниот рок во Турција е се уште отворен, па така како опција се појави Галатасарај. Договорот кој го има Жоржињо со Арсенал е до 30. јуни наредната година, а во кариерата беше дел уште од Челси, Наполи и Верона.

Дресот на репрезентацијатан а Италија го носеше на 57 натпревари и постигна пет гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани