Второ засилување за Вардар во еден ден – пристигна и играч на Гостивар

by Стефан
1 минути читање

По потврдата за трансферот на Србинот Немања Босанчиќ, Вардар го објави и второто засилување денеска.

Во прашање е 22-годишниот играч од средниот сред, Рушту Јонус кој пристигнува од тимот на Гостивар.

Јонус во досегашниот дел од кариерата го носеше дресот на екипите на Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани