Дојде време за доделување на најголемото лично признание во фудбалот, а тоа е Златната топка.
Во организација на „Франс Фудбал“ вечерва во Париз ќе биде објавено кој ќе биде крунисан за најдобар фудбалер и фудбалерка на светот. Исто така ќе се додели и Трофеј Копа за најдобар млад фудбалер до 21 година, како и Јашин Трофеј за најдобар голма.
Се бира најдобар тренер во машка и женска конкуренција, како и најдобри клубови за 2024 година. Гала вечерта во Париз започнува во 20:00 часот.
Како главен фаворит за Златната топка во машка конкуренција фигурира Винициус Жуниор, меѓутоа високо котираат Родри, Ерлинг Халанд, Џуд Белингем… За првпат по долго време во потесниот избор за признанието ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо.