Градското дерби на Џенова го нема во елитниот калчо ранг на фудбалот, но среќата посака да го има во Копа Италија.
„Луиџи Ферарис“ ги собра старите добри познаници и соседи во битка за осминафинале. Борбата на крајот ѝ припадна на Сампдорија која по пенали слави против Џенова со 6-5 (1-1).
Рано на стартот на мечот Андреа Пинамонти стрела за предност на „грифоните“. Долго време овој резултат беше активен, а потоа пред крајот искусниот Фабио Борини погоди за израмнување и избори пенали за Сампдорија. Во пенал-рулетот Џенова двапати промашуваше, а Сампдорија само еднаш и се радува на следната Куп-фаза.
Славното „Дерби дела Лантерна“ имаше своја увертира, но и трето полувреме по улиците. Навивачите на двата клуба беа во вистинска војна, имаше немири, тепачки и судири со полицијата.