Вознемирувачка снимка: Гром уби фудбалер на натпревар (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Страшни вести ни пристигнуваат од Перу каде што по удар од гром животот го загуби фудбалерот Хозе Луиса де ла Круз Месу.

Снимката од кобниот момент од натпреварот помеѓу Хувентуд Белависта и Фамилија Чока брзо се рашири на социјалните мрежи. Несреќниот настан се случил во градот Ункахо кој се наоѓа на 3.000 метри надморска височина и ударите од гром не се реткост.

Токму поради тоа судијата го прекинал натпреварот и ги испратил фудбалерите во соблекувалните. Сепак, се покажало дека и тоа е предоцна. На патот до соблекувалната следел удар од гром по кој седум фудбалери паднале на теренот, еден од нив починал на лице место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×