Натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци одигра неодамна помина со многу тензија и незадоволство кај домаќините поради судењето, а сега повторно реагираат по средбата во Купот.
Вардар победи со два гола на Дианеси во второто полувреме (2:0), а од кавадаречкиот клуб изразија незадоволство за ситуацијата при првиот постигнат гол во 76. минута.
„Ова е стапалото по стартот над нашиот стопер Цубара кој во 76 минута од натпреварот е повреден со расекотина од крампон неможејќи да го продолжи натпреварот, а судијата дозволи играта да продолжи за гостите да постигнат гол. Им честитаме на Вардар за победата и им посакуваме успех како ново раководство на ФФМ, а ние како клуб нема до дозволиме овие валкани игри да поминат во иднина !!!“, стои во објавата на Тиквеш.