Грузија направи историски успех или подобро кажано, го продлабочи успехот. Првпат во националната историја фудбалската репрезентација заигра на Европското првенство, а таму направи и вистинска сензација.
Со победата над Португалците, фудбалерите на Грузија се пласираа во осминафиналето каде што ќе се судрат со големата Шпанија. Овој историски успех предизвика многу еуфорија меѓу грузиските навивачи. Освен оние најсреќните кои имаа билети за натпреварот со Португалија и се во Германија, славеа и во главниот град.
Тбилиси се крена на нозе, полни автомобили и толпа луѓе зачекорија кон главниот плоштад каде што се славеше овој успех. Свирежи, скандирања и река од бело и црвено го преплави главниот град на Грузија поради достигнувањето на фудбалерите.