Во последен момент пресврт: Хит играчот на Грузија на ЕП не потпишува за Монако – оди во друг клуб!

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Грузија, Георгиес Микаутадѕе кој зад себе има солиден настсп на ЕП каде пто со три гола беше еден од фудбалерите со најмногу погодоци нема да се пресели во Монако.

Веќе е јасно дека Мец нема да биде негов нов клуб, но тоа нема да биде и Монако иако се пишуваше дека трансферот во клубот од Кнежеството е завршена работа.

Медиумите од Франција пишуваат и дека грузискиот напаѓач имал и закажано лекарски прегледи, меѓутоа во последен момент се премислил и одлучил да се пресели во Лион.

Преговорите со Лион оделе брзо и тие ја израмнуле понудата од 25 милиони евра, па такс и Мец дал зелено светло за реализацијата на трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани