122
Баерн Минхен вчера постави низа рекорди со неверојатната победа од 9:2 против Динамо Загреб, но во историјата влезе и Томас Милер.
За Милер вчерашниот натпревар во европската елита беше 152. и така од врвот го симна Чави Ернандез кој има 151 одигран натпревар за еден тим. Чави, како што е познато до таа бројка стигна носејќи го дресот на Барселона.
Вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите беше само прв од новата сезона, па така Милер веројатно и ќе го подобри рекордот во следниот период.
Дебито во Лигата на шампионите за Баерн, Милер го имаше во 2009 година. Со германскиот гигант освои две титули во ова натпреварување.