Претседателот на Интер, Марота изјави зачуденост и разочарување затоа што Лаутаро Мартинез не е меѓу 11. кандидати за наградата „Д’Бест“ на ФИФА.
Меѓу кандидатите е Лионел Меси кој веќе не игра во Европа, но го нема Лаутаро кој имаше одлична сезона со Интер.
Во Интер се чудат како Лаутаро не е меѓу кандидатите на ФИФА за најдобар фудбалер
Претседателот на Интер, Марота изјави зачуденост и разочарување затоа што Лаутаро Мартинез не е меѓу 11. кандидати за наградата „Д’Бест“ на ФИФА.
Меѓу кандидатите е Лионел Меси кој веќе не игра во Европа, но го нема Лаутаро кој имаше одлична сезона со Интер.
„Изненадувачки и разочарувачки е тоа што Лаутаро не е меѓу кандидатите по исклучителната сезона која ја имаше. Лаутаро заслужува поголема почит“, вели Марота.
„Ова исклучување е не само игнорирање на бројките и успехот кој тој го имаше, туку исто и влијанието во одлучувачките мечеви. Ова е лош знак, фудбалерите кои истапуваат треба да бидат наградени“.