109
Фудбалскиот сојуз на Германија отвори истрага поради наводни наместени 17 натпревари во првенствата во оваа земја.
Главно се работи за натпревари од третата германска лига и регионалната лига. Како што пренесуваат германските медиуми дефанзвиците и голманите биле главни во местењето натпревари и тие им дозволувале на противниците да постигнуваат голови.
Наскоро се очекува да се објави и кои натпревари се под истрага.
Германија веќе еднаш се соочи со скандал поради наместени натпревари кога фудбалскиот судија Роберт Хојцер ја призна вината.