ВМФЛ: Дербито е во Скопје, Македонија ЃП гостува во Богданци

by 24 фудбал
1 минути читање

Во забрзан ритам се игра во мак-фудбалот, па така на програмата денес се натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига.

Дербито на колото ќе се одигра на стадионот „Железарница“ во скопската населба Автокоманда, каде што екипата на Скопје ќе биде домаќин на Брегалница Штип. Интересно се очекува да биде и во Богданци, бидејќи поврантикот во второлигашкото друштво Вардарски ќе ја дочека Македонија Ѓорче Петров. Од водечките Арсими гостува во Македонска Каменица, а Кожуф е домаќин на Детонит.

  • Шесто коло во ВМФЛ:

Скопје – Брегалница Штип
Каменица Саса – Арсими
Кожуф – Детонит
Новаци – Беласица
Осогово – Борец
Победа – Охрид
Вардар Неготино – Башкими
Вардарски – Македонија ЃП

Претходната рунда во ВМФЛ се играше во средата, а распоредот е наближен поради одложеното коло пред неколку викенди поради настапите на аматерската репрезентација на Македонија.

Сите натпревари од овој викенд се играат од 14.00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани