Втората македонска фудбалска лига овој викенд ќе ги понуди натпреварите од втората натпреварувачка рунда.
Се очекува да биде интересно на неколку терени ширум Македонија. Според резултатите во првото коло дерби ќе играат Новаци и Брегалница, додека поранешните прволигаши Победа и Борец ќе ги одмерат силите во Прилеп. Екипата која лани играше бараж за влез меѓу прволигашите Детонит Плачковица ќе бара прва победа во Македонска Каменица.
- Натпревари од второто коло во ВМФЛ:
Новаци – Брегалница
Саса – Детонит Плачковица
Победа – Борец
Вардар Неготино – Беласица
Осогово – Скопје
Охрид – Арсими
Вардарски – Кожуф
Сите денешни натпревари се на програмата во 16:00 часот, а утре се игра уште пресметката на првиот фаворит Македонија Ѓорче Петров на гости кај Башкими.