ВМФЛ: Брегалница и Арсими кикснаа, Македонија ЃП се врати на победите

by 24 фудбал
1 минути читање

Водечките во Втората македонска фудбалска лига не победија, а профитира Македонија Ѓорче Петров.

Веројатно згуснатиот распоред зеде данок. Лидерот Брегалница одигра нерешено без постигнат гол 0-0 на гостувањето на „Железарница“ кај Скопје. Пораз забележа Арсими на гости кај Саса (2-1). Македонија Ѓорче Петров триумфално мина низ Богданци (0-2), а Башкими слави против Вардар Неготино (0-1).

  • Резултати од шестото коло во ВМФЛ:

Вардар Неготино – Башкими 0-1
Победа – Охрид 0-1
Осогово – Борец 1-0
Новаци – Беласица 0-0
Скопје – Брегалница 0-0
Вардарски – Македонија ЃП 0-2
Саса – Арсими 2-1
Кожуф – Детонит 0-0

На врвот на табелата сега е Брегалница со 14 бода, меѓутоа следат три екипи со по 13 и тоа се Македонија ЃП, Арсими и Башкими. Потоа следат Кожуф (12), Детонит (11), Новаци (10), Скопје (7), Охрид (7), Саса (6), Беласица (5), Осогово (5), Победа (4), Вардар Неготино (4), Борец (3), Вардарски (2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани