175
Комо откако ги финализираше преговорите со Рафаел Варан, тргнува по колумбијската ѕвезда, Хамес Родригез кој имаше одличен настап на Копа Америка.
Колумбија стигна до финалето на Копа Америка, а Хамес Родригез речиси на секој меч за неговата репрезентација беше прогласуван за играч на натпреварот.
Во меѓувреме Колумбиецот го раскина договорот со Сао Паоло и изрази желба да се врати во Европа.
Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас кој гради тим за Серија А, ја виде шансата да го донесе Хамес во својот клуб и наводно веќе го убедува да потпише.
На проектот на Фабрегас ова лето се приклучија ѕвезди како Белоти, Реина, Морено, а договорен е и Варан кој наскоро треба да го потпише договорот.