Вилшер ги напушти младинците на Арсенал, ќе биде тренер во прв тим

by Стефан
1 минути читање

Eкс-фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер ќе ја напушти позицијата тренер на тимот на Арсенал до 18 години ќе работи како прв тренер во првиот тим на Норвич.

Вилшер во Норвич ќе го замени Нарсис Пелах кој си замина во септември за да ја преземе улогата главен тренер во Стоук.

Целата кариера Вилшер ја помина во младинската академија на Арсенал, а потоа влезе во првиот тим за кој одигра 197 натпревар, но повредите го спречија да оствари кариера каква што се очекуваше.

Како тренер во младинците на Арсенал се приклучи во 2022 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани