110
УЕФА објави дека „Сан Сиро“ и Милано нема да бидат домаќини на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година. Иако градот на модата го доби домаќинството, не може да гарантира дека дотогаш нема да има никаква работа и реновирање на стадионот. Поради тоа постигна договор со УЕФА да не биде домаќин.
Се споменуваат неколку опции како замена за култниот „Сан Сиро“.
Една од нив е веројатно најубавиот француски стадион „Велодром“. Домот на Олимпик Марсеј изгледа модерно, ги исполнува сите највисоки УЕФА стандарди и може да биде домаќин на елитното натрпеварување.
Градот Марсеј се понуди до УЕФА да биде домаќин и организатор на финалето во Лигата на шампионите во 2027 година.