Македонскиот фудбалски бренд Вардар денес официјално го потпиша договорот со компанијата „Новоматик Македонија“ која влегува во клубот како генерален спонзор.
На официјалното потпишување беа присутни претседателот на Вардар, Милорад Миленковски заедно со претседателот на компанијата Александар Симовиќ и претставници на „Новоматик“. Меѓу другото, првиот човек на скопскиот клуб потврди една одлична вест за навивачите.
По пауза од неколку години и разни проблеми, во следната сезона Вардар се враќа да игра во својот дом, на „Градскиот стадион“ во Скопје, односно официјално „Тодор Проески“.
Минатата сезона Вардар во Првата македонска фудбалска лига беше домаќин на „Борис Трајковски“ во Маџари, а сега се враќа на Арената.