187
Вардар по промоцијата на новиот генерален спонзор вчера, ги исполнува најавите и веќе денес полета кон главната фаза на подготовките која ќе се одржи во Словенија.
Во 16:00 делегацијата на Вардар полета кон хрватската престолнина Загреб, а потоа ќе се упати кон словенечкиот град Раденци. Од клубот најавија дека во Раденци добиле врвни услови за тренинг и релаксација во една од најдобрите тренинг бази во регионот.
За време на престојот во Раденци, кој ќе трае од вечерва до 27 јули, екипата на Вардар ќе одигра и неколку пријателски натпревари против засега непознати противници.
Потоа следи враќање во Македонија и последните подготовки пред стартот на ПМФЛ кој е некаде на средината на август.