Вардар минимално загуби, Пелистер и Силекс одиграа реми, нерешено и за Шкупи

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонските фудбалски клубови се подготвуваат за новата сезона која стартува за нешто помалку од еден месец. На различни страни на континентот се одиграа пријателски мечеви на прволигашите.

Скопски Вардар во Словенија претрпе минимален пораз (1-0) од Словенска Бистрица. Во Банско екипата на Брера Струмица го победи Хапоел Ерусалим со 2-1 со головите на Ристовски и Ивковиќ.

Фудбалерите на Шкупи ремизираа 2-2 против турскиот Генчербирлиги, во меч во кој двоен стрелец беше Емануел Гронер.

Пријателски меч одиграа Силекс и Пелистер, а тој заврши со нерешени 2-2. Реми одигра и новиот прволигаш Беса против Металул Бузау од Романија (1-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани