Мексико е елиминиран од Копа Америка откако одигра 0-0 против Еквадор, Венецуела со 3-0 ја совлада Јамајка и со перфектен учинок оди понатаму.
Мексико и Еквадор во меѓусебен дуел одлучуваа кој ќе биде вториот патник од групата во четвртфиналето. Двете репрезентации имаа ист број на бодови, но Еквадорците подобра гол разлика, па ним им одговараше и реми.
Натпреварот беше 0-0, двете селекции имаа свои шанси за победа, а вистинска драма се случи длабоко во судиското продолжение.
Судијата најпрво ги израдува Мексиканците откако покажа пенал, но по прегледувањето на ВАР сниката го поништи пеналот, сметаше дека се работи за глума, па тогаш почна радоста на Еквадорците.
Венецуела со три победи од три натпревари се пласираше меѓу осумте најдобри на Копа Америка, овојпат со 3-0 славеа над Јамајка.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Серијата ја почна Бељо во 49. минута, брзо потоа Рондон зголеми на 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Рамирез на пет минути до крајот на мечот.