Холанѓанецот Руд Ван Нистелрој и официјално е нов тренер на Лестер. потврди вечерва поранешниот англиски шампион.
Ван Нистелрој во клубот пристигнува откако неодамна го напушти Манчеестер јунајтед кој го водеше на четири натпревари како привремен стратег до пристигнувањето на Рубен Аморим. Во тие дуело со него на клупата гигантот од „Олд Трафорд“ оствари три победи и запиша едно реми.
„Горд сум и возбуден што ќе водам клуб како Лестер. Сите во клубот се ентузијасти и имаат одличен проект. Ќе дадам се од себе за да придонесам за подобри резултати на клубот“, изјави Ван Нистелрој.
Со Лестер холандскиот стратег потпиша договор до јуни 2027 година, а го наследува Стив Купер кој по лошите резултати доби отказ откако помина пет месеци на клупата.