423
Руд Ван Нистелрој си замина од Манчестер јунајтед по доаѓањето на Рубен Аморим на кормилото на премиерлигашот, но наскоро се очекува нов ангажман за Холанѓанецот.
Лестер го отпушти Стив Кер по лошите резултати на почетокот на сезоната и сега активно бара негова замена, а наводно како прв избор се споменува Ван Нистелрој.
Ван Нистелрој сака да остане во Премиерлигата, па не би одбил понуда од поранешниот освојувач на Премиерлигата.
„Лисиците“ во моментов се наоѓаат на 16. место во лигата, со само еден бод повеќе од Ипсвич кој е во зоната за испаѓање.