78
Натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид кој е закажан за овој викенд в сабота од 21:00 часот би можел да биде одложен.
Валенсија и околината се погодени од големи поплави кои според информациите на медиумите во Шпанија веќе однеле над 50 животи и истите можат да бидат причини натпреварот да не се одигра во планираниот термин.
Вечерва Валенсија ја чека и натпреварт на гостински терен против Парла Ескуела во Копа дел Реј, а клубот од „Местаља“ веќе испрати барање за одложување на оваа средба бидејќи постои и препорака од властите за да избегнуваат патувања.
Не е оптимистична ниту временската прогноза и во наредните два-три дена се најавува и уште поголем дожд.