418
Валенсија ќе направи промена на голманската позиција за следната сезона, ќе се ослободи од Гиорги Мамардашвили, а ќе го потпише нашиот Столе Димитриевски.
Мамардашвили се покажа како одличен голман во изминатата сезона и го навлече вниманието на големите клубови. Најзагреан е Њукасл кој веројатно ќе го купи за сума од 40 милиони евра. Така се пишува во шпанските медиуми.
Валенсија ќе наплати огромна сума за него, а на негово место го носи Димитриевски за беспари. Тој како слободен играч од Рајо Ваљекано преминува на Местаља.
Според голманските статистики Димитриевски исто така важи за еден од најдобрите во Ла Лига, па Валенсија нема да загуби на квалитет, а ќе добие полна каса пари.