204
Екипата на Брера Струмица денеска го претстави наследникот на голманот Марко Алчевски кој се пресели во редовите на израелскиот Хапоел Ерусалим.
Нов голман на Брера е Мартин Давков кој пристигнува од Брегалница.
„Мартин Давков од Штип ќе биде член на голманскиот таандем на нашиот тим за новата сезона. Давков кој лани беше чувар на мрежата на Брегалница Штип се сели во Струмица и веќе се приклучи на сениорите во подготвителниот процес“, потврди Брера.
Давков во кариерата освен за Брегалница бранеше уште и за Тиквеш и Пехчево. Во последната сезона собра 21 натпревар за штипскиот тим.