Женскиот фудбал во Македонија во моментов е на ниско ниво, а за кревање на границата ќе се обиде да помогне „Брера Холдинг“.
Сопственикот на машкиот прволигаш Брера Струмица сега ќе влезе и во женскиот фудбал. Договорена е соработка и ребрендирање на ЖФК Тиверија, која во иднина ќе се натпреварува под името БрераТиверија. Тоа го потврди компанијата „Брера“ преку официјално соопштение, а своите очекувања ги изнесе Александра Терзиски, која е претседател и фудбалерка на Тиверија.
„Неверојатно сум возбудена за големите промени што ги правиме. Правиме голем чекор во нашата приказна за раст и стануваме дел од поголемото семејство Брера. Нашето партнерство ќе поттикне професионален раст во нашата организација и ќе обезбеди одлични услови за развој на нашите играчи Нашите играчи ќе имаат повеќе можности со припадноста на Брера, што ќе ги мотивира да работат повеќе. Станувањето Брера Тиверија ќе ни донесе поврзување со глобалниот фудбалски екосистем и ќе им обезбеди на играчите шанса да играат во странство. Исто така, ќе имаме шанса да изградиме силен европски тим во Струмица, Македонија и да го промовираме нашиот град и земја во странство“, изјави Александра Терзиски, Генерален Директор на Брера Тиверија.
„Брера Холдинг“ најави дека во иднина освен Тиверија ќе има и други вложувања во женскиот фудбал во Македонија.