83
Централниот дефанзивец на Јувентус, Глеисон Бремер се повреди по само шест минути игра против Лајпциг, клубот стравува дека можеби за него сезоната е завршена.
Во текот на денот ќе се знае за каква повреда точно се работи, но Јувентус стравува дека се работи за вкрстени лигаменти на коленото.
Ако прогнозите се точни, сезоната за него ќе биде завршена, а тоа ќе биде голем удар за Јуве.
Јувентус уште нема примено гол во Серија А, а има голема улога во одбраната.