154
Миовски почна нова авантура, вчера го имаше својот прв настап во дресот на Жирона, Македонецот дебитираше во Ла Лига.
Денеска тој на шпански им се обрати на навивачите на социјалните мрежи: „Вчера беше долга ноќ, веќе се фокусираме на нашиот домашен меч во четврток. Напред Жирона“.
Очигледно македонскиот напаѓач сака брзо да го научи шпанскиот јазик, а тоа ќе му помогне подобро да се вклопи во новата средина.