Бојан Миовски е номиниран за играч на сезоната во Шкотска!

by riste
1 минути читање

Уште едно големо признание за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, тој е еден од четворицата номинирани играчи за најдобар фудбалер на сезоната во избор на шкотските фудбалски новинари.

Одличната сезона на Миовски му донесе номинација за играч на сезоната во најдобрата шкотска лига.

Конкуренција на Миовски за наградата му се Џек Батленд од Ренџерс, Мет Орајли од Селтик и Лоренс Шенкленд од Хартс.

Победникот ќе биде прогласен на 19. мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани