Босанците најавуваат „бомба“: Јоветиќ пристигнува во Бања Лука?!

by Стефан
1 минути читање

Црногорскиот ветеран, Стеван Јоветиќ според најавите на босанскиот портал „Klix.ba“ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Борац Бања Лука.

Јоветиќ кој во кариерата играше за Манчестер Сити, Интер, Севиља, Монако, Фиорентина, Херта и Олимпијакос наводно ги договорил личните услови и наскоро се би требало да биде официјализирано.

Без клуб Јоветиќ е од 1. јули од кога е во потрага по нов ангажман, а ако најавите се остварат и пристигне во Бања

Лука тогаш сигурно ќе биде едно од најголемите имиња кои играле во босанскиот фудбал без оглед на годините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани