Борец му врачи отказ на Љупчо Димитковски и на негово место го назначи Даниел Стојановски.
„Управата на ФК Борец 1919 и шефот на стручниот штаб Љупчо Димитковски спогодбено се договорија за прекин на соработката. ФК Борец 1919 му благодари за досегашниот аганжман и му посакува успех во понатамошните тренерски води.
Даниел Стојановски официјално е нов тренер на Борец 1919. Во својата тренерска кариера, Стојановски работеше како тренер во Слога Виница, Велешта, ГФК Куманово, Воска Охрид, а и како помошник тренер во Пелистер.
Му посакуваме топло добредојде на Стојановски во Велес и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом“, стои во соопштението на Борец.
По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Борец е на последното место без освоени бодови.