235
Според „Тутоспорт“, Леонардо Бонучи кој во мај објави крај на кариерата, ќе биде нов член на стручниот штаб на Италија.
По ремито со Хрватска во групната фаза, Бонучи се сретнал со Спалети и неколку италијански репрезентативци меѓу кои и Рикардо Калафиори.
Бонучи сака да остане во фудбалот и да продолжи како тренер, тој е мотивиран да влезе во тренерскиот тим на Спалети и од таму да почне да собира искуство за во иднина да стане самостоен тренер.
Таков пат одеше и Даниеле Де Роси кој беше помошник на Манчини во италијанската репрезентација во периодот од 2021 до 2022.
Бонучи има 121 настап за италијанската репрезентација и неговото искуство треба да биде драгоцено за сегашните репрезентативци.