299
Рајо Ваљекано на македонскиот голман Столе Димитриевски одигра 0:0 против Валенсија и така македонскиот чувар на мрежата успеа да остане несовладан во 35. коло од Ла Лига.
Димитриевски на „Местаља“ имаше неколку одлични одбрани, а една од нив беше и при шансата на Канос.
Тимот на Рајо со овој бод дојде до бројката од 35 во сезоната, додека Валенсија испушти важни бодови во битката за излез во европските натпреварувања.