Во Рома изминатиот период е период на промени, замина Де Роси, а дојде Јуриќ кој дебитираше со победа, но се чека и замената за извршната директор Лина Солукоко.
Според последните информации, нов директор на „волчицата“ може да биде Хрватот Звонимир Бобан кој во минатото работеше во Милан.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека токму Гркинката стоела зад отказот на Де Роси поради што добивала критики и закани од одреден број навивачи. Тие закани биле и причината да се повлече.
Последните информации говорат дека Бобан кој во овој момент е без ангажман е главен фаворит да ја наследи, иако се споменуваа и уште неколку имиња.
Покрај Милан, Бобан работеше и во УЕФА од каде што си замина по несогласувања со претседателот Чеферин.